Студентите и во текот на изминатата ноќ кампуваа на факултетите во УКИМ и на Техничките факултети во Скопје каде што имаат прогласено автономни зони во знак на протест против новиот закон за високо образование.

STUD

Студентскиот парламент при универзитетот Свети Кирил и Методиј пак соопшти дека нема да ја поддржи окупацијата на Универзитетот.

Оттаму повикуваат на воздржаност и уверуваат дека сакаат борбата да ја водат на институционален начин.

Сепак, од студентскиот пленум најавија дека окупацијата ќе трае до исполнување на барањето за итно одложување на имплементацијата на новиот закон и создавање на ново законско решение, најрано до 2018 година во чие креирање ќе бидат вклучени самите тие.

Слични содржини