Помошникот режисер, кој му го даде пиштолот на Болдвин, „шокиран и тажен“

од Vladimir Zorba

Асистентот на режисерот, кој на актерот Алек Болдвин му даде пиштол со вистински куршум, со кој потоа ја уби снимателката Халина Хачинс, во понеделникот за прв пат по трагедијата го коментираше немилиот настан.

Во изјава за „Њујорк пост“, Дејв Холс не ги коментираше деталите за инцидентот што се случи минатиот месец на снимањето во Ново Мексико, но рече дека е „шокиран и тажен“ од смртта на неговата пријателка.

„Халина Хачинс не беше само една од најталентираните луѓе со кои сум работел, таа беше и моја пријателка“, рече Холс.

„Шокиран сум и тажен поради нејзината смрт. Се надевам дека оваа трагедија ќе ја поттикне индустријата да ги преиспита своите вредности и практики за да се осигура дека никој повеќе нема да биде повреден“,додаде тој.

Улогата на Холс во несреќата на 21 октомври за време на снимањето во Ново Мексико се шпекулира бидејќи тој им рекол на истражителите дека требало да го провери оружјето, но дека не го направил тоа.

Болдвин пукаѓе со пиштол додека снимаше вестерн, убивајќи ја директорката на фотографија Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот.

Хачинс (42) била однесена од местото на несреќата со хеликоптер во блиската болница каде лекарите констатирале смрт. Екипата работеше на снимањето на „Rust“.

Слични содржини