Дождот што падна во текот на ноќта создаде големи проблеми во кантонот Сараево. Освен што се поплавени патиштата во главниот град на Босна и Херцеговина, многу населени места се под вода и без струја.
Поради обилни врнежи и излевање на потоците и реките, поплавени се куќите на повеќе места во Сараево и неговата околина, пишува Кликс.
Реките Железница и Тилава направија проблеми, па голема количина вода се излеа во дворовите во населбите Отес, Влаково, Бутмир, Доњи Которац и други места.
Во овие населени места граѓаните немаат струја ниту, како што велат, можност да поправат било што. Загрозени се и домашните животни што ги одгледуваат.
Реката Жељезница ги поплави објектите лоцирани покрај брегот во централниот дел на Илиџа.
Меѓу другото, поплавени се и угостителските објекти покрај реката, што несомнено предизвика голема материјална штета. Во исто време, многу локални жители стравуваат за своите домови.
Вода има на главните, но и споредните патишта во Сараево, а сообраќајот на тролејбуси е во прекин.