Светската организација за заштита на природата, по повод Светскиот ден на дивиот свет – 3 март, потсети на важноста да се заштитат растенијата и животните за зачувување на планетата.
– Причините за намалување на биодиверзитетот се многубројни, ги вклучуваат деградација на природните живеалишта, прекумерно користење природни ресурси, климатски промени, како и незаконити трговија и убивање на дивите видови.
Последниот извештај за животот на планетата на Светската организација за заштита на природата, ни покажува дека во последните 50 години, популацијата на цицачи, птици, риби, водоземци и влекачи се намали за дури 68 проценти, изјави претставничката на Светската организација за заштита на природата Адрија, Ива Свилар.
Поради тоа, како што наведе Свилар, е важна грижата за дивиот свет и нивните живеалишта.
Свилар нагласи дека заканата за дивиот свет е злосторство против природата, што вклучува незаконити лов и риболов, убивање заштитени видови, незаконити трговија и криумчарење, како и незаконито фаќање и поседување диви животни.