Поради екстремно загаден воздух, училишта во Индија преминуваат кон онлајн учење

од Milan1
12 прегледи

Индиската влада им наредила на училиштата во Делхи да се префрлат на онлајн учење, поради загаден воздух. Исто така побара од владините оддели да ги прераспределат часовите на персоналот и воведоа ограничување на возилата во главниот град, откако квалитетот на воздухот драстично е влошен.

Утре се очекува да биде уште полошо, а тоа претставува ризик за здравите луѓе, но сериозно ги погодува оние со хронични заболувања.

Ограничувањaта беа наметнати поради „екстремно неповолни временски услови, вклучително и слаб ветер“.

Делхи го имаше најголемото загадување во сезоната минатиот месец, принудувајќи ја владата да ги затвори училиштата и да ги советува бизнисите да дозволат половина од нивните вработени да работат од дома.

Слични содржини