Поради климатските промени родното место на Дедо Мраз остана без снег

од Milan1
7 прегледи

Туристи од целиот свет секој година доаѓаат во Рованиеми, Финска за да го видат волшебниот снежен пејзаж и да го искусат арктичкиот студ.

Еден месец пред Божиќ, Дедо Мраз е зафатен со подготовки, но го загрижува сè потоплата клима и недостатокот на снег во неговиот арктички дом. Во овој период од годината, градот Рованиеми во финската провинција Лапонија, кој туристичките власти го прогласуваат како „вистински“ дом на Дедо Мраз од 1980-тите, треба да биде снежно бел.

Но неодамна само врнеше дожд од мрачното небо, а температурата беше два степени Целзиусови, пренесува „Франс 24“.

„Моите ирваси може да летаат, така што тоа не е проблем“, рекол маж со долга бела брада во црвен костум додека ги одморал своите уморни нозе по долгиот ден поминат со возбудени деца и возрасни.

„Но, можеме да видиме дека климатските промени се реални. И тоа влијае на ирвасите. Тоа влијае на животот овде на Арктикот“, додалде човекот, чии работодавци не сакаа да го кажат неговото вистинско име.

Сточарите тврдат дека поблагите и понепредвидливи зими им отежнуваат на ирвасите да дојдат до лишаите, нивната главна храна.

Снегот се стопи, а потоа замрзна, што ги остави лишаите под тврдиот мраз. Арктикот се загрева побрзо од другите делови на светот поради климатските промени, речиси четири пати побрзо, според истражувањето објавено од фински научници во списанието „Нејчр 2022“.

Потоплите глобални температури, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, доведоа до временски услови катастрофи како што се поплави и суши ширум светот во последните години.

Во финска Лапонија, по историски топлото лето, беше соборен нов температурен рекорд во ноември пред неколку недели кога во градот Уцјоки беа измерени 11,1 степени Целзиусови. Претходниот рекорд од 1975 година беше 11 степени.

Слични содржини