Суперѕвездата на Ар енд Би музиката Ријана го одложи во четвртокот почетокот на својата светска турнеја, соопшти интернет страницата.4667006

За да ги задржи своите гласни жици таа веќе одби да пее на наградите “Греми” во понеделникот во Лос Анџелес. Првиот концерт од светската турнеја “Анти” е презакажува за 12 март во Џексонвил, Флорида. Турнејата првично беше предвидено да биде на 26 февруари во Сан Диего, но пејачката одложи осум концерти.

Ријана го откажа своето исполнување за време на годишните музички награди “Греми” бидејќи не се чувствуваше добро. Ѕвездата требаше да пее на сцената, но наместо тоа си замина малку по последните проби за шоуто. Според претставници на Ријана докторите ја советувале да не пее во текот на 48 часа, за да не предизвика проблеми на гласните жици. Песната, која требаше да ја изведе беше Kiss Me Better.

Ова не е прв пат, во кој пејачката се откажува од настап на “Греми” во последен момент. Во 2009 година, таа го откажа своето исполнување на сцената поради претепувањето од нејзиниот поранешен дечко Крис Браун.

Родената во Барбадос пејачка и модна икона повторно влегува во центарот на вниманието со својот прв од 2012 година албум “Анти”, којизлезе на 27 јануари. Со овој нов албум, осми во кариерата, Ријана ги напушта Ар енд Би хитовите насочени кон публиката во ноќните клубови, кои ја направија позната. Сега таа претпочита срцепарателни балади за тешкотиите на љубовта.

Турнејата на Ријана требаше да заврши во август во Цирих, Швајцарија, но сè уште не е познато кога ќе бидат одржани одложените концерти.

Слични содржини