Порака на активисти на црвениот тепих на „Манаки“ фестивалот: „Кажете им на облаците дека Битола умира!”

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Во духот на годинешниот „Манаки“ фестивал и неговото официјално лого „Tell the clouds“, вчера вечер во Битола на црвениот тепих, а и низ градот, група граѓански активисти од Битола решија да ја изменат пораката.

Со порака испишана на своите маици и на постери низ градот граѓански активисти порачаа: Tell the clouds Bitola is dying! – „Кажете им на облаците Битола умира!“

„Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да започне да живее и битолчани да дишат чист воздух!“, порачуваат активистите.