Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднесе барање за шестмесечна американска виза

од Radmila Tasevska
139 прегледи

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска виза, што укажува дека можеби нема наскоро да се врати дома, каде што го чекаат одредени правни процедури, пренесе АП.

Веста за пријавата прв ја објави Фајненшл тајмс, цитирајќи го адвокатот за имиграција на Болсонаро, Фелипе Алесандро.

Откако АП стапи во контакт со неговата адвокатска канцеларија, веста беше потврдена.

Слични содржини