Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков имал страшна сообраќајка несреќа, во која загинало едно лице. Тој не бил повреден.
– Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Варна, во која учествувал автомобил во кој се превезувал поранешниот бугарски премиер и копретседател на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков.
Петков кој учествува во предизборна кампања, од директниот судар на две возила излегол неповреден.
Петков патувал, заедно со три други лица, во автомобил на Службата за национална безбедност (НСО) соопштија од неговата партија.
Сообраќајната несреќа се случила во 17.30 часот кај селото Аксаково, во близина на Варна. До несреќата дошло поради ненадејно излетување на еден од автомобилите, во кој патувале две повозрасни лица.
Автомобилот во кој патувал Петков се движел по коловоз со првенство на минување, објаснуваат од НСО.
Починатиот е возач на автомобилот што се судрил во возилото на Петков . Повредени се жената која го придружувала, како и возачот на НСО. Двете повредени лица се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Повредената 58-годишна жена има комбинирана траума и е во тешка состојба.