Поранешниот директор на ОБА вратен од граница: Хрватска му забрани влез

од Илинка Илиоска
37 прегледи

На Осман Мехмедагиќ – Осмица, поранешниот директор на Службата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА), му е забранет  влез во Хрватска, објави сараевски „Аваз“.

Мехмедагиќ вчера бил вратен од хрватската граница со образложение дека му е забранет влез во Хрватска.

Тој и суспендираниот претседател на Судот на Босна и Херцеговина, Ранко Дебевец беа уапсени во декември минатата година под сомнение за злоупотреба на положбата и фалсификување службени документи.

Тие поминаа речиси три месеци во притвор. Мехмедагиќ имаше и забрана за патување, што важеше до средината на мај.

Слични содржини