Поранешниот претседател на Русија: Максимална награда за секој убиен војник на НАТО

од Симе Стоиков
853 прегледи

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев остро ја нападна НАТО алијансата и повика на воведување систем за наградување за убиство на нејзини членови во Украина.

„Постои само едно правило за овие прекуокеански вошки – нема затвореници! Тие, за разлика од несреќните Украинци, не беа принудени да војуваат“, напиша заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Медведев на платформата X и додаде:

„И за секој убиен, разнесен или запален борец на НАТО мора да има максимална награда. И нема враќање на телата. Нека страдаат роднините во странство.“

„Тие се целосно дрски ѕверови кои го држат целиот свет за будали“, напиша Медведев и истакна дека сите сили на НАТО во Украина ќе се сметаат за дел од „редовната армија“ што се бори против Русија.

Слични содржини