Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

од Симе Стоиков
229 прегледи

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призна денеска на суд во Кина дека примил 10 милиони евра мито.

Ли, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година, беше обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за печатот на провинцискиот суд Хубеи, пренесува Бета-Франс прес.

Во текот на повеќемесечниот процес, Ле призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.

„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.

Кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација, Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.

Слични содржини