Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез го чека седмото дете

од Radmila Tasevska
236 прегледи

Познатиот пејач Марк Ентони и неговата нова сопруга Надија Фереира ја споделија среќната вест со светот – парот го очекува своето прво заедничко дете, додека на Марк тоа е седмо по ред.

Ентони, кој исто така беше во брак со Џенифер Лопез, со која имаше близнаци, објави фотографија на Инстаграм на која може да се види како го држи за рака трудничкиот стомак на неговата нова сопруга.

„Најдобар подарок за Денот на вљубените досега. Боже, ти благодарам за овој голем благослов во нашите животи“, напишала убавата бринета со фотографијата.

Веста за бременоста дојде само две недели откако парот се венча на раскошна церемонија во Мајами. Двојката не откри кога Надија е бремена и кога очекуваат да се роди бебето.

 

Да потсетиме, Ентони зад себе веќе има шест деца. Со поранешната девојка Деби Росадо ја има 29-годишната ќерка Аријана Муниз, а со неа го посвои синот Чејс Муниз. Во бракот со неговата прва сопруга Дајанара Торес, тој имаше две деца – Кристијан и Рајан Муниз. Заедно со колешката Џенифер Лопез ги доби синовите Ема и Макс.