Порасна цената на нафтата

од Milan1
1,8K прегледи

Цените на нафтата денеска пораснаа поради надежите за поголема побарувачка откако американскиот долар ослабна и новиот извештај покажа пад на резервите на сурова нафта и бензин во САД. Во исто време, податоците за инфлацијата што се очекуваат подоцна денеска може да дадат пооптимистичка слика за економијата, информира БТА, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Европскиот репер Бернт порасна за 50 центи, или 0,6 отсто, на 82,88 долари за барел.

Американската лесна сурова нафта додаде 52 центи, или 0,7 отсто, на 78,54 долари за барел.

Слични содржини