Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби денес ги негираше тврдењата на Пекинг дека балони со хелиум прелетале над Кина.
„Нашите балони не летаат над Кина. Тоа не е точно, едноставно апсолутно не е точно“, рече Кирби, според Ројтерс.
Кина претходно соопшти дека американските балони на висока височина го прелетале кинескиот воздушен простор без дозвола 11 пати од почетокот на јануари 2022 година.