Портпаролот на Ердоган: Барањата на Русија во однос на Крим и Донбас не се реални

од Milan1
270 прегледи

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека барањата на Русија да ја признае нејзината анексија на Крим и независноста на регионот Донбас се „многу максималистички” и „не се реални”.

„Ова се црвени линии за Украинците на Крим и Донбас, и со право, затоа што директно се однесуваат на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Ние не ја признавме анексијата на Крим, а ни остатокот од светот, дури ни Кина не ја призна анексијата на Крим … Русите навистина треба да смислат некои други идеи“, рече Калин.

Слични содржини