Португалија забранува мобилни телефони во училиштата

од Milan1
23 прегледи

Португалија се приклучува на групата земји кои им забрануваат на учениците да користат мобилни телефони додека се на училиште. Во оваа земја забраната ќе важи за учениците од прво до шесто одделение, најави министерот за образование, наука и иновации, Фернандо Александре, наведувајќи ги негативните ефекти од користењето мобилни телефони врз децата.

– Препораката што ја даде Владата е забрана. Она што го правиме оваа година е проучување на исходот од таа препорака за да можеме следната година повторно да ја евалуираме мерката, рече Александре.

Владата дава препорака, а училиштата имаат целосна слобода да одлучат дали ќе ја спроведат.

Повеќе од половина од учениците во петто и шесто одделение поминуваат најмалку четири часа неделно пред екран, покажа истражувањето за благосостојбата и менталното здравје на децата и младите. Александре, исто така, рече дека на семејствата им недостасуваат информации и дека владата ќе обезбеди насоки за тоа како „да се справи со оваа нова технологија која има значително влијание врз образованието на децата“.

Слични содржини