Граѓаните во општина Пијемонт слават, после 28 години конечно се роди бебето Пабло во малиот град Остана

 

Пабло е роден пред една недела во породилното одделение во Торино. Денска неговите родители го донесоа дома, а најсреќни биле нивните сожители кои ги има вкупно 85. По повод новото бебе во местото, тие славеа организирајќи карневал, пренесува CNN.

https://twitter.com/la_stampa/status/692618213868220416/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw

-Прво не можев да поверувам дека тоа е вистина, веста тотално ме шокираше, пресреќен сум. Ова е остварување на моите соништа, вели градоначалникот на  Џакомо Ломбардо.

Родителите се воодушевени од реакцијата на сограѓаните и велат дека планираат да останат и да живеат таму, на 60 километри од Торино.

– Обожаваме изненадувања. Пред пет години решивме да го напуштиме Торино и да ги промениме нашите животи. Овде е многу безбедно за децата, се чувствуваме како да сме дел од заедницата, велат родителите.

https://twitter.com/UncemPiemonte/status/692099519123709952/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw
Пред дваесет години локалната самоуправа сакала да го промени негативниот тренд на наталитетната стапка, да привлече многу млади луѓе во Пијемонтскиот округ, со туризам и инвстиции, со нови работни места.

Слични содржини