После студентите Вучиќ одбиен и од Универзитетот во Белград

од Milan1
305 прегледи

По студентите, српскиот претседател Александар Вучиќ беше „одбиен“ и од Универзитетот во Белград. Претседателот ја покани Ректорската управа да се состане кога тоа нив ќе им одговара за да разговараат за студентските барања, но поканата не беше прифатена. Во образложението се наведува „ниту сме овластени да зборуваме за тоа, ниту пак постои верување дека е можен повик за дијалог со оглед на актуелната ситуација“, пренесува „Н1“ телевизија.

Додека студентите почнуваа уште еден петнаесетминутен комеморативен молк, претседателот на Србија доби писмо од Универзитетот во Белград.

Сепак, средба нема да има, поканата за разговор не е прифатена.

„Серијата недоследности во јавните изјави на претставници на државните органи не убедуваат дека дијалогот кој води кон исполнување на студентските барања е можен, ниту ефективен, доколку се организира меѓу две страни кои немаат мандат да разговараат за барањата, и до кои барањата не беа ниту упатени“, соопшти Ректорската управа на Универзитетот во Белград.

Слични содржини