323
Припадничката на Вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБИХ), Емела Мујановиќ, која долго време е во спор со државата поради забраната за носење хиџаб во воениот рок, ќе мора да ја напушти работата.
Таа на својот Фејсбук профил објави дека е доведена во ситуација да треба да избира меѓу професијата и хиџабот.
„За неколку дена, официјално, нема да има ниту една покриена жена во вооружените сили на Босна и Херцеговина бидејќи наскоро ќе бидам отпуштенa. Бев доведена во ситуација да треба да избирам меѓу мојата професија и хиџабот… (Под покриена жена мислам на жена која е покриена во цивилна облека но и на должност кога е во униформа)“, изјави таа.