Петтиот и последен филм на Даниел Крег за Џејмс Бонд, „No Time To Die“, доби позитивни критики од критичарите, пренесе „Би-Би-Си“.
Филмот беше премиерно прикажан во Ројал Алберт Хол, по неколку одложувања предизвикани од ковид пандемијата.
Во својата рецензија за филмот со пет ѕвезди, Кевин Махер од The Times рече:
– Подобро од добро е. Тоа е величествено.
Но, иако повеќето критичари беа позитивни, некои сугерираа дека филмот не го оправдува своето времетраење од 163 минути.