Постигнат е договор меѓу Вучиќ и Макрон, Србија ќе купува борбени авиони Рафал

од Сенада Ибраимова
390 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека тој и францускиот претседател Емануел Макрон, постигнале договор за купување на борбени авиони Рафал и дека договорите ќе бидат потпишани во следните два месеци.

„Ми се чини дека постигнавме конкретни договори околу купувањето на Rafale, каде очекувам договорот да биде потпишан во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за нашата земја на многу нивоа“, изјави Вучиќ на новинарите во Париз, каде што престојува во официјална посета, пишува Танјуг.

Француските борбени авиони Рафал претходно Хрватска ги купи по цена од речиси една милијарда евра.

Првите шест од вкупно 12 повеќенаменски борбени авиони Рафал, ќе пристигнат во Хрватска оваа пролет. Останатите шест ќе долетаат во Хрватска до почетокот на следната година, кога ќе заврши обуката и на останатите хрватски пилоти, се вели во соопштението на хрватското Министерство за одбрана.

 

Слични содржини