330
Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.
– Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа, истакна Верешчук.