Постои ризик од радијација, нуклеарната централа во Чернобил остана без струја

од Milan1

Од украинската нуклеарна централа во Чернобил би можело да се испуштаат радиоактивни материи, бидејќи не може да го лади потрошеното нуклеарно гориво откако и било прекинато напојувањето со електрична енергија, соопшти денеска украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“.

„Работите на поправка на приклучокот и враќање на електричната енергија во електраната окупирана од руските војници не беа можни бидејќи борбите се во тек“, се вели во соопштението на компанијата, а пренесува „Ројтерс“.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко претходно изјави дека украинските власти не ги знаат нивото на радијација во нуклеарната централа во Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако таа беше окупирана од руски војници.

Слични содржини