398
„Специјалната операција спроведена од Русија во Украина овозможи спречување на Третата светска војна, конфликтот меѓу Русија и САД, како и конфликтот меѓу Руската Федерација и НАТО“, изјави денеска потпретседателот на Советот на Руска Федерација Константин Косачев.
„Она што сега се случува во Украина е спречување на Третата светска војна. „Ова е навистина спречување на конфликтот меѓу Русија и САД, меѓу Русија и НАТО, што секако ќе се случеше без сегашната специјална операција“, рече Косачев, а пренесува РИА Новости.
Тој смета дека по оваа акција „никому нема да му падне на памет да продолжи да ја игнорира Русија и нејзините национални интереси, нејзините грижи, нејзината потреба да живее во мир и хармонија со надворешниот свет“.