Потрошувачите во Хрватска револтирани: Поради преминување на еврото, трговците ги „заокружуваат“ цените, па поскапувањата се дури и повисоки од 20 отсто

од Radmila Tasevska
354 прегледи

Претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север, изјави дека седиштето на синдикатот е преплавено со повици на граѓани кои се лути на поскапувањата поради преминувањето на еврото и дека не се работи за „заокружување“ на цените како што тврдат трговците, но за поскапувања од 20 и повеќе проценти.

„Граѓаните се револтирани. Поскапувања навистина се случуваат насекаде. И кога ги слушам трговците кои велат дека ништо не поскапело, не знам што се случува, бидејќи граѓаните постојано го кажуваат тоа во големите и малите продавници, особено во пекарите и други услужни дејности, имаше големо поскапување, не мало заокружување на цените. Станува збор за поскапувања од 10, 15, 20 и повеќе проценти“, потенцира Север за ХРТ.

Тој рече дека потрошувачката кошничка во евра сè уште не е пресметана, бидејќи не се знае што и колку поскапело во моментов, но дека тоа е голем удар за домашниот буџет.

„Сето тоа што го кажавме за искуствата на другите земји, дека ќе ги зголемат цените само на втората децимална точка, во центот, не важи, бидејќи се случува цените да се движат за 50, 60 центи, па дури и за еврото. – рече Север.

Тој додаде дека е тешко да се каже кој е најмногу виновен – производителите, добавувачите или трговците, но ги повика државните органи и инспекциите да извршат контроли во продавниците и да ја утврдат оправданоста на поскапувањата.

Слични содржини