Потврдена најлошата вест: Момчето чие тело беше пронајдено на ливадата е малиот Аријан

од Milan1
2,2K прегледи

Најлошата вест е потврдена: Телото пронајдено на ливада во Есторф, Германија, со помош на ДНК анализа е утврдено дека е на детето Аријан. Шестгодишното дете од Бремерворде-Елм се води за исчезнато од 22 април годинава, а стотици луѓе со најсовремена опрема, кучиња, коњи и хеликоптери го бараа аутистичното момче кое го напушти својот дом.

Во понеделникот попладне, фармер пронашол мртво дете додека косел ливада во Есторф. Локацијата е на само неколку километри од куќата на Аријан. Портпаролката на полицијата изјавила дека областа била пребарувана неколку пати по исчезнувањето на Аријан, пишува Шпигел.

Момчето последен пат е видено дома на 22 април околу 19 часот. Таткото забележал дека неговиот син го нема и ја известил полицијата. Снимките од надзорните камери покажаа дека момчето на 22 април околу 19 часот и 15 минути шетало сам низ населбата. Само што научил како да отвори заклучена врата, па можеби затоа решил да излезе.

При потрагата се обидувале да му го привлечат вниманието со огномет, балони и слатки, свиреле детски песни, Аријан не реагирал. По еден месец потрагата е прекината, но истражителите сепак излегувале на терен секогаш кога имало некој дојави. Таква дојава имало и во понеделникот.

Слични содржини