И покрај негативните критики, „Ејч-би-о макс“ ја потврди третата сезона од серијата „И едноставно така…“ („And Just Like That…“). На интернет има многу коментари. Има гледачи кои со нетрпение ги очекуваат новите епизоди, но и многумина со совети за сценаристите и за подобрување на серијата.
Така, Че – небинарниот лик е најчестата „цел за отстрел“. Се добива впечаток дека сите претпочитаат исфрлање на оваа личност со неодреден род (или пол) од приказната, на сметка на враќањето на Саманта – ѕвездата на „Сексот и градот“, како што се викаше оваа серија во 90-тите.
„Може ли да се ослободиме од Че?“, „Се надевам дека Саманта ќе се врати целосно“, „Ве молам, Че – не“, „Че го уништува шоуто“, „Повеќе Лиза, помалку Че“, „Во третата сезона, Ејдан и Кери нека бидат заедно“, „Обидете се да ги натерате Миранда и Стив да го поправат својот брак“ – гласат дел од коментарите.
Деновиве завршува втората сезона. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг го потврди снимањето на новата сезона од серијата.