Потврдени 12 случаи заразени со новиот делта плус сој во Косово

од Milan1

Потврдени се 12 случаи со новиот делта плус сој во Косово, а новозаразените биле откриени преку испитување на 70 мостри кои биле пратени на анализа во Германија.

Од Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) најавија дека идниот понеделник за проверка во лабораторија во Германија ќе се испратат дополнителни позитивни мостри собрани во последните две недели.

„Ситуацијата со ковид-19 во Косово бележи пад на бројот на нови случаи за 19,11 отсто во споредба со последните две недели, како и на бројот на починати пациенти. Тимовите на ИКШПК постојано ги испитуват и следат сите можни извори со цел да се спречи натамошното ширење на заразата, раното детектирање на случаите и можните импликации по здравјето на луѓето од новата варијанта Делта плус. Иако делта-сојот и натаму е доминантен (79,66 отсто), постои опасност од брзо ширење на новата варијанта Делта плус“, се вели во соопштението на Националниот институт за јавно здравство на Косово

 

Слични содржини