Повеќе од 72.000 луѓе се евакуирани поради поплавите во Малезија

од Radmila Tasevska
146 прегледи

Малезиските градови беа покриени со кал поради обилните дождови, покажаа видеа од социјалните мрежи, по што повеќе од 72.000 луѓе мораа да се евакуираат, пренесува Ројтерс.

Обилните дождови и поплавите продолжуваат, а најмалку две лица загинаа оваа недела во пет од 13 држави во Малезија.

Властите мораа да подигнат неколку стотици засолништа, бидејќи расте бројот на раселени.

Слични содржини