Поведена истрага за апсењето на Мета

од Milan1
20 прегледи

Народниот правобранител на Албанија поведе административна истрага за случајот со апсењето на Илир Мета, поранешен претседател на Република Албанија и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.

– Оваа управна истрага се однесува на постапувањето на Државната полиција за тоа како е извршен налогот на Специјалното обвинителство  против организиран криминал и корупција. Истрагата ја започнаа главно инспекторите на Народниот правобранител без да чекаат да добијат официјална жалба од Илир Мета или неговите адвокати, објави Ора њуз.

Случајот го истражуваат тројца инспектори на правобранителството кои го презеле видеото на кое се гледа моментот на апсењето на Мета од страна на оперативците и припадниците на специјалната единица „РЕНЕА“.

Слични содржини