Групата за човекови права соопшти дека вкупно 826 лица во 37 градови низ Русија биле приведени по денешните протести против мобилизацијата.
Во Москва се уапсени 309 лица, покажуваат податоците на независната група за набљудување на протестите ОВД-Инфо.
Протести се одржаа денеска откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека 300.000 воени резервисти ќе бидат делумно мобилизирани за да ги зајакнат воените сили во Украина, откако Русија загуби делови од територијата во последните неколку недели.
Московското обвинителство предупреди дека организирањето или учеството во протести може да се казни со 15 години затвор.
Фото: SOTA