Повеќе од пола милион смртни случаи ширум светот од корона, еве каде е најлошо

од Stefanija Kuzmanovska

Во светот, од коронавирусот починале 544.311 лица, додека бројот на заразени надмина 12 милиони, го пренесе денеска новиот биланс собран до 11:00 часот (GMT) Агенцијата Франс-Прес.

Од вкупниот број заразени, најмалку 6.266.100 лица се сметаат за излечени.

Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман.

САД, каде што првиот смртен случај беше регистриран на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починаа 131.480 луѓе, заразени се 2.996.098 лица, а излечени 936.476 лица.

По САД, земјите со најголем број смртни случаи се: Бразил (66.741 смртни случаи и 1.668.589 заразени), Велика Британија (44.391 починат и 286.349 заразени), Италија (34.899 смртни случаи и 241.956 заразени) и Мексико (32.014 смртни случаи и 268 008 заразени) .

Слични содржини