Повеќе од 100 лица се убиени во Појасот Газа како резултат на израелските напади во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство во палестинската енклава, објави ДПА.
ДПА пренесува дека палестинските власти не прецизираат колку од загинатите и ранетите се борци, а колку се цивили. Агенцијата, исто така, наведува дека не може да ја потврди веродостојноста на податоците.
Според палестинските здравствени власти, повеќе од 60.100 луѓе се убиени во Газа од почетокот на војната, а повеќе од 146.200 се ранети.