Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека убиле повеќе од 200 вооружени мажи за време на операцијата против Хамас во болницата „Ал-Шифа“ во градот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегле од Оддлението за итни случаи во „Ал-Шифа“ во кое се криеле и отвориле оган врз израелските војници, тврди ИДФ, додавајќи дека во последните неколку дена се се случиле повеќе слични инциденти.
Во тековните борби, ИДФ вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „која ИД ја подготви и воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“.
Истовремено, ИДФ тврди дека десетици други оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара, во јужниот дел на Појасот Газа, и во квартот Ал-Амал во Кан Јунис.
Војниците кои оперираат во јужниот дел на Појасот Газа лоцирале и уништиле складишта за оружје, а во централниот дел на Појасот Газа, ИДФ соопшти дека неколку спротивставени оперативци биле убиени од војници на бригадата „Нахал“ и во воздушните напади.
.