Повеќето криптовалути се во пад

од Vladimir Zorba
35,2K прегледи

Повеќето криптовалути се во пад, а вчера во 15:00 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance, биткоинот падна за 2,33 отсто на 62.668,37 евра.

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 33,62 милијарди евра, што е повеќе од вчерашниот промет.

Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) поврзан со биткоинот денеска е на ниво од 70 во категоријата „алчност“, што значи дека и покрај моменталниот пад, инвеститорите се уште се оптимисти за натамошниот раст на биткоинот.

Вредноста на итриумот (ETH) падна за 3,82 отсто на 3.237,30 евра, а вредноста на монетата бајненс (БНБ) за 3,25 отсто на 561,65 евра.

Денеска криптовалутата солана (СОЛ) падна за 6,04 отсто на 139,11 евра, а Аваленч (АВАКС) за 4,67 отсто на 29,51 евра.

Денеска најмногу се тргува со биткоин, итриум и солана.

Најголем раст денеска бележат моментално криптовалутите GFT, BAKE и ELF,

Слични содржини