Четири петтини од сите вработени според колективните договори во Германија добиле вонредни бонуси без данок од нивните работодавци во последните две години, објави во петокот Дестатис, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Просечниот додаток за ублажување на ефектите од високата инфлација бил 2.680 евра. Максималната одобрена сума од 3.000 евра добија вработените во градинките, администрацијата и одбраната.
Според статистичарите, вработените во градежништвото добиле 1.103 евра, а вработените во трговијата 1.419 евра.
Во угостителството и некои други услужни дејности, многу мала група вработени добија додаток за покривање на загубите од инфлацијата.
Владата стави на располагање плаќања за помош без данок за да ги ослободи граѓаните од драматичното зголемување на цените по почетокот на војната во Украина. Сепак, вработените можеа да ја искористат оваа опција само преку преговори за колективен договор, кои обично траеја две години.