Повик за донации за монтажерот Владо Ангелов oд МРТ

од Stefanija Kuzmanovska

Монтажерот во Македонската радио телевизија Владо Ангелов е во многу тешка здравствена состојба и потребна му е трансплантација на црн дроб. Во моментов тој се лекува во болницата Систина во Скопје и потребна му е финансиска помош.

Синдикатот на МРТ се откажа од сумите дадени за членарина во целост, а вработените донираат и индивидуално, но тоа е малку. Се замолуваат колегите во медиумските организации и граѓаните доколку можат да донираат средства на трансакциската сметка на неговата сопруга во Халкбанка: Гордана Ангелова 270-7000351516.82.

Семејството и колективот на МРТ се заблагодаруваат за помошта во оваа исклучително тешка ситуација.

Слични содржини