Повреден работник и оштетена електрана во Украина во руски напади синоќа

Во Дњепропетровската област на сила се вонредни прекини во снабдувањето со електрична енегија, а во регионот Харков струјата во населените места е исклучена на еден час, соопшти компанијата „Укренерго“.

од Бети Божиноска
164 прегледи

Еден работник е повреден во синоќешните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, а оштетени се термоцентрали и хидроцентрали во централниот и во западниот дел на Украина, изјави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.

Галушченко истакна дека руските сили погодиле објекти во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси, пренесува агенцијата „Униан“.

Во Дњепропетровската област на сила се вонредни прекини во снабдувањето со електрична енегија, а во регионот Харков струјата во населените места е исклучена на еден час, соопшти компанијата „Укренерго“.

Командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешук, изјави дека руските сили синоќа извршиле напади врз енергетските објекти на Украина, користејќи различни видови ракети и беспилотни летала.

Слични содржини