209
Вчера во 10.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј.(53) од Битола.
– Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.