Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи, на меч од четврта фудбалска лига

од Milan1
217 прегледи

Најмалку 155 полицајци се повредени во навивачките нереди во натпреварот меѓу Динамо Берлин и Еберџи Котбус во четвртата германска фудбалска лига, соопшти денеска локалната полиција, а пренесуваат германските медиуми. Четириесет и тројца од повредените се локални полициски службеници, а 73-ца се федерални, како последица на вдишување на солзавец што го испалила полицијата, 28 федерални полицајци се физички повредени, а 11 се здобиле со повреди од пиротехнички средства.

„Билд“ објави дека 74-ца навивачи се уапсени, а против 62-ца од нив се поднесени кривични пријави поради, меѓудругото, „нарушување на мирот, физички напади врз органите на редот и давање отпор при апсење“.

Натпреварот беше прекинат во 20-та минута, поради тепачка на трибините, откако навивачите на Динамо запалиле шалови и знамиња на ривалската група.

Во соопштението се наведува дека навивачите активирале и солзавец кон полициските сили и редарите во близина на теренот, по што полициски единици влегле на трибините во обид да приведат навивачи.

Енерџои Котбус на крајот славеше со 2:0, а судирите меѓу навивачките групи продолжиле и по натпреварот.

Слични содржини