72
На 17.08.2024 во 18.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионалниот пат Р-1205, во близина на локалниот пат кон с.Стрмош, пробиштипско, патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(18) од с.Стрмош, излетало од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката Л.Т. од Пробиштип се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.