Пожари во Грција: 22 пожарникари и хеликоптери се борат со огнената стихија на Халкидики

од Илинка Илиоска
310 прегледи

Пожари во моментов беснеат на повеќе места во Грција, а според грчките медиуми еден избувнал и на Халкидики во Полигирос.

Како што пренесуваат медиумите, на помош на пожарникарите дошле и хеликоптери кои интензивно биле вклучени во гаснењето на пожарот. Вкупно на терен се 22 пожарникари и девет возила на итната пожарна служба.

Пожарот засега не ги загрозува станбените населби.

Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез.

Пожар на островот Кифисос предизвика сериозен сообраќаен метеж и проблеми, а во Неа Артакија е вклучен аларм поради нов пожар.

Во Маркопулос огнената стихија е под контрола и засега е локализирана.

На Крит избувна пожар во шумска област во Картерос, на падината над црквата Агиос Јаонис.

Слични содржини