Славната позната пејачка Дуа Липа доби косовско државјанство откако претседателот Вјоса Османи потпиша декрет со кој тоа е возможно, јавува Анадолу.
Иако е родена во Лондон, Дуа Липа се врати во Косово со своето семејство кога имаше 11 години, каде што помина неколку години. Таа го зборува албанскиот јазик и секогаш го нагласува својот двоен идентитет како своја сила.
Пејачката пристигна во Косово пред фестивалот „Сани Хил“, кој го организира со години во главниот град Приштина. Музичкиот фестивал, каде таа ќе биде главна ѕвезда, ќе се одржи од 1 до 3 август.
Покрај британскиот пасош, Дуа Липа има и албанско државјанство, кое го доби пред три години.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај ѝ додели државјанство на поп-ѕвездата поради, како што рече, нејзината улога во ширењето на славата на Албанците на меѓународно ниво преку нејзината музика.
Бегај потоа рече дека пејачката добила државјанство во пресрет на 110-годишнината од независноста на Албанија.
„И јас ќе бидам Албанка со документи“, рече Липа пред да положи заклетва за државјанство во Градското собрание на Тирана.