Во емотивна исповед за медиумите, легендарниот колумбиски фудбалер Фреди Гуарин призна дека е зависник од алкохол и дека моментално е во процес на лекување.
Гуарин играше за колумбиската репрезентација девет години, собра 57 настапи и четири гола. Играше и за Интер од Милано, Порто со кој ја освои Лигата на Европа, Сент Етјен, Бока Јуниорс, Шангај, Васко де Гама, Милонариос …
„Јас сум алкохоличар, го препознавам тоа и закрепнувам како зависник. Дојде момент кога веќе не можев да продолжам со овој начин на живот и морав да побарам помош. На фудбалот му се посветив повеќе од 20 години, тоа знаев да го правам. Не се подготвував за други работи и донесов одлуки кои не беа добри“, изјави 37-годишниот Гуарин.
Гуарин беше уапсен пред три години затоа што ги претепа своите родители и остатокот од неговото семејство.