Познато е името на следниот клуб на Меси, Лео нема да ја заврши кариерата во САД

од Milan1
50 прегледи

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси нема да ја заврши кариерата во актуелниот клуб Интер од Мајами, туку ќе врати во татковината! Така барем тврди каталонскиот весник „Ел Национал“, кој наведува дека Меси (37) ќе ги закачи копачките во својот матичен клуб – Њуелс Олд Бојс.

Кариерата ја започна токму таму на 13 години и никогаш не криеше дека би сакал да се врати еден ден. За време на неговиот престој во Барселона во 2016 година, тој рече:

– Ако утре се вратам во Аргентина, што би сакал да го направам, би играл само за Њуелс.

Меси е член на Интер од 2023 година, каде мина две сезони во Сен Жермен. Тој претходно играше за Барселона 20 години (вклучувајќи го и јуниорскиот ангажман) и освои се што можеше со тој клуб.

Слични содржини