Четириесет и двајца членови на Европскиот парламент побараа да се отвори истрага против Илон Маск, бидејќи сметаат дека неговиот профил на социјалната мрежа Х, кој го поседува, е систематски турнат во прв план и дека е силно „бустиран “.
„Маск ја претвори социјалната мрежа Х во платформа за ширење омраза и промовирање на сопствената политичка агенда, како што е поддршката на Трамп“, изјави пратеничката на германската Зелена партија Александра Гиес, пренесува Политико.
Таа предупреди дека таквата самопромоција на Маск може дури и да ја загрози европската демократија.
X веќе е изложен на ризик од голема казна од европските регулатори за социјални медиуми, бидејќи во јули беше утврдено дека прекршува делови од Законот за дигитални услуги на Европската унија, поради недоволната транспарентност и пристап до податоците, а компанијата може да биде казнета до шест проценти од нејзиниот глобален годишен промет.
Истрагата против Маск, предупредуваат некои европратеници, ќе доведе до конфликт меѓу ЕУ и администрацијата на Трамп што доаѓа, бидејќи сопственикот на „Х“ е еден од клучните соработници на новиот американски претседател.
Една од клучните поплаки што се појавија откако Маск ја презеде контролата врз социјалната мрежа беше тоа што го измени алгоритмот за да ги промовира сопствените објави во известувањата.
Како резултат на тоа, прегледите на сметката на Маск се зголемија за 138 отсто, во споредба со просечниот број прегледи претходно, а ретвитовите на неговите објави се зголемија за 238 отсто.
Активното манипулирање со алгоритмот без транспарентност влијае на јавниот дискурс и изборите во ЕУ, рече Гис во денешното соопштение за медиумите.
Таа го обвини Маск за ширење проруска пропаганда, како и мешање во внатрешните работи на членките на ЕУ.
Барањето за покренување истрага против Маско доби широка поддршка меѓу пратениците од левиот центар, десниот центар, либералите, Зелените и екстремно левите пратеници на ЕУ, според Политико.