Пратеник нуди награди за „лов на руски војници“: 50 долари за мртов, 100 долари за заробен

од Nikola Popovski
202 прегледи

Украинскиот пратеник Дмитро Соломчук објави известување за граѓаните од областа Ривне.

Имено, тој на својот профил на Телеграм и Фејсбук сподели дека „ловот на руските окупатори е отворен“.

„Ако наидете на Русин во регионот Ривне, елиминирајте го или заробете го. Наградите се – 50 долари за мртвите и 100 долари за заробен руски војник“, напиша тој.

Пратеникот додаде дека подоцна ќе биде објавена адресата на магацинот за нивно згрижување, па дури нагласи дека се планираат и поголеми награди, но дека „не вредат“.