Празен украинскиот воздушен простор

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Воздушниот простор над Украина и источната украинска граница со Русија е празен, објави страницата за следење летови ADS-B Exchange.

Иако нема воздушен сообраќај над Украина, ADS-B Exchange не може да ги следи авионите кои намерно ја исклучиле локацијата, јавува CNN.

Европската агенција за воздухопловна безбедност предупреди дека присуството и можната употреба на широк опсег на системи за војување од земја и воздух претставува висок ризик за цивилните летови на сите надморски височини.